кој (имн.) - помине (гл.)

Првата година кога започнаа да се собираат, зборуваа за „Барбара“ на Превер – насмеаната девојка која поминува покрај поетот за да му се фрли во прегратка на некој друг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Или навистина стануваше збор за обично влакно на полноќен гуштер? (Една од оние влечуги со коса низ која поминува патец од челото па сè до окото на опашот) А со перчиња збрани во плетенки што се влечкаат под шарената утроба на гуштерот Најпривлечни се сепак скапоценостите што сонот ги чува и оние што сонот ќе побрза да ги скрие кога ќе ги допре нашето будно око.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)