кој (имн.) - јас (зам.)

Единствената бунтовност на која јас можев да се потпрам беше држењето настрана од ваквите забави, и тоа, донекаде, умееше да ме утеши.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Остап со сомневање го погледна и му рече: - За противпожарната заштита, која јас во сегашниот момент ја претставувам, тоа нема никакво значење.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој си беше одбивен самиот на себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само мил лик пред мене гледам што ме чува од раѓање до денес и мала душа која јас ја одгледувам моја роза нежна, пејзаж дополнува, расне без бреме, додека трпеливо чекам, во ова најубаво време.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тогаш, која јас насетив дека нешто се готви, спорот бил дали со четата и нашите селани што би заминале треба да оди и дедо попот или не.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)