кој (имн.) - година (имн.)

Влегоа во црквата и попот запиша во книгата кој ја изградил оградата и која година, и одржа благодарно слово за Цветко и жена му молитвувајќи ги да им даде господ што им срце сака да и го врати синот жив и здрав.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Некако стигнаа до живата ограда, која години не беше негувана, па беше полна со процепи и наликуваше на дрворед од мутирани бонсаи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дождот се згуснуваше надвор кога дојде бедна старичка во црно, птица на која годините и ги исушиле крилјата и ја оставиле есенски тажна на скрка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дај да купиме некој портабл, овој мамата ми ја еба“, му велеше на Горан, па купија, ама татко им Кизо не го бендиса и ѝ го подари на Микица за на приколка, дека беше убеден оти малиот телевизор не е нов, ами дека е од визба од којзнае која година.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А тој не се постигнува со благосостојба туку со процент на благост во погледот; не се доживува врвот со трофеј в рака туку со мал камен со издлабени иницијали и датум од одморот од пред години 100, па не помнам ни од која година, закопан во пукнатините од карпата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)