кој (имн.) - насока (имн.)

Кибернетика Создавање на виртуалната сексуалност спаѓа во поширокото подрачје на кибернетиката, па затоа да кажеме уште некој збор за тоа во која насока во иднина ќе се развива кибернетизацијата на телото што претставува подлога за секое вештачки генерирано и на научно-технолошките постапки подложено сексуално уживање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа чувство не беше ниту вознемирувачко ниту непријатно, напротив - беше нешто ново; можев буквално да го изметам дворот сосредоточувајќи го погледот на една точка и потоа вртејќи ја главата полека во било која насока.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Несигурниот статус на емигрантите општо земено има негативни последици врз нивната преговарачка моќ, а може да има и погубни ефекти врз пазарот на труд во целина, како некаква резервна армија на работна сила која насоки; а политички може само слабо да се идентификуваат со националната држава каде што престојуваат.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Понатаму разми­слува за тоа во која насока ќе се развие овој процес на сопствено преобразување, откако со помош на хируршки зафати - пластична хирургија на лицето, пресадување на косата, итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зашто ова место, поточно, повеќе ги предизвикува неодредените соништа на граничната линија на два света, отколку цврсто да се одлучи по која насока ќе се појде штом таму почнува неговата скитија, би се посакало, нема сомнение, никогаш да не заврши, за да нема што да избере.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се слуша, веднаш не се знае од која насока, некакво чудно квичење и никој од двајцата веќе не знае дали кон нив се доближува ѕвер со човечка болка во кучешка душа или човек со тага на пес во грлото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)