кој (имн.) - во (предл.)

Затоа занимавањето со популарната култура многу повеќе зборува за опште­стве­ната динамика, стратегиите на репрезентација и, целовито, за ко­­лек­тивната подсвест, отколку занимавањето со нормативната кул­турна продукција која во себе ги вклучува естетските, моралните и политички ставови коишто ја прават, ако ништо друго, „предвидлива“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
2 Поедноставено, популарната култура стои во служба на принципот на задоволство (бил тој проста популистичка забава или некој посструктуалистички јоуиссанце), и се однесува на многу аспекти на ова задоволство, на прашањето на телото, но и манипулацијата, консумеризмот и воопшто - моќта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со судбината на историските личности, нивните индивидуални животни стории, писателот ја воспоставува нераскинливата врска со сопствениот народ, колективното егзистирање, што ќе рече оти како уметничко-естетска вредност романот е дело за една личност која во себе најубаво и најуверливо ги одразува и содржи сите народни идеали и се стреми кон општочовечките, универзални димензии на егзистенцијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како на тој предизвик одговара писателот Ванчо Николески?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Покажувајќи отпор кон таквиот тип на површност и неодговорност но и знаејќи дека тоа не значи автоматски и неталентираност, се обидов малку да го растресем Дејан, во што успеав само делумно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Секоја автентичност е поврзана и со одредена претходна традиција, која во исто време обезбедува и легитимитет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, тука постои и друг многу покомплексен проблем.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најважно е сепак што Дејан Дуковски напиша една прилично солидна драма која во многу нешта ги достигнува врвните точки од творештвото на неговиот драмски узор, Горан Стефановски.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Само тие имаа доволно сила под полно име и презиме да го прифатат ризикот на соочување со непријателската јавност која во нив гледаше предавници и злосторници, соочување со заканите на бившите колеги агенти и најпосле со сопствената вина од која веќе никаде не може да се бега.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бремена жена која во себе го носи вирусот ХИВ може да го пренесе на своето бебе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Веќе не постои една единствена фундаментална противречност која во себе ги сосредоточува сите општествени спротивности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Онаа рака која во обидот да ја дофати книгата не се осмели да се испружи до крај, се исуши во својот згрчен став.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неговата трагедија, која во реална смисла ја доврши босанскохерцеговската војна на сите против сите, симболички сепак кулмнираше со оној недвосмислен предлог за размена што неодамна можевме да го прочитаме од некој хрватски ѕид: вратите ни ги нашите Срби, еве ви ги назад вашите Херцеговци.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со ништо ограничена, во самата себе центрирана слобода на умот која во потполно светло на јавноста му се обраќа на светот како таков, во неговата 42 okno.mk универзалност - таа димензија не постои во просветителската традиција на хрватската култура.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Поради особено важното место коешто Крлежа го зазема во тоа културно наследство, поради неоспорниот углед што го има Станко Ласиќ како општопризнат првокласен хрватски интелектуалец, поради несомнената упатеност на критичарот Висковиќ, но и поради нескриеноста со која се врши манипулација со тоа наследство (во истото интервју на Висковиќ дознаваме дека мислата на Крлежа е вградена во програмските темели на владеачката партија, а исто така и за идејата на Виктор Жмегач за чистењето на Крлежа од политичките импликации во неговото дело), Ласиќевото промовирање на починатиот Крлежа во советник на Туѓман станува дрзок предизвик за цела една генерација која во критичкото пресметување со традицијата и со нејзините самопрогласени чувари и толкувачи допрва мора да се избори за својот сопствен интелектуален идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но исто така е јасно и тоа дека таткото и неговото трамвајско друштво ја оплакуваат загубата на нешто што никогаш не поседувале - самосвеста на една граѓанска индивидуалност која слободно се реализира на интимен, социјален и политички план и која во својата сопствена урбаност е единствената вистинска спротивност на провинцијалниот балкански примитивизам прикажан низ Херцеговецот од вицот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ја здогледа светкавата палата која во бледата месечева светлина личеше на мижуркава ламба; ги здогледа и прозорците и балконите на кулата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Имено, зад тој бес се криеше многу поширока одбивност која во онаа крчма на Оштрељ ќе биде дополнета со чувството на несигурност, всушност страв, за најпосле својот јасен израз да го најде во употребата на зборот unheimlich.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А саканата моја во собата своја заклучена и натаму си ја чешлаше косата низгрбно, и ја врзуваше во опашка, со истата врвка со која во третиот чин Николај Дмитриевич ќе ја задави продавачката Љашченкова.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Личноста која во филмот ја играше Алида Вали во романот беше прилично срамна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Пред крајот на филмот тие имаат многу убава сцена кога Етел ја жали Алида Вали која ќе биде обесена, додека Лотон станува навистина подмолен...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во ова време Климент созада нова поедноставна азбука која во чест на својот учител Кирил ја нарекол кирилица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Покасно во времето на владеењето на Теодосиј I од воено-стратегиски и политички причини префектурата Илирик со диоцезите Македонија и Дакија била приклучена кон источниот дел од Империјата, која во 395 била поделена на Западна (Римска) и Источна (Византија).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Причините за наредниот судир лежеле пред се во судирот меѓу демократијата и тоталитаризмот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Европа која во 1914 се состоела од 17 монархии и 3 република (Швајцарија, Франција и Португалија), по 1918 имала 13 републики и 13 монархии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Софија своја активност пројавила “Младата македонска литературна дружина”, која во 1892 почнала да го издава списанието “Лоза”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во него била истакнувана националната посебност на македонскиот народ, неговиот јазик, како и потребата од здружување на сите сили за борба против освојувачките интереси на соседните држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Политиката која во Македонија започнала да се практикува по одржувањето на Првото заседание на АСНОМ покажувала извесно отстапување од генералната политика на Белград.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На работ да стане гротескна е и Дифреновата желба “во бранувањето на океанот од челик и камен” да се препознае творечката моќ заради која во “природата што човекот ја создал и ја наполнил со машини”, треба да се согледа дека “за граѓанинот на еден нов свет сѐ уште може да зрачи божествениот оган на убавината”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со Конча Пирковска ( која во голема мера внесе една интелектуална префинетост) и со фантастичниот Пепси зборевме за структуралната конструкција на перформансот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите тие требаа една посебна вибрација која во себе ја носи најсуптилната магија на едно фасцинантно културно миље растеретено од локализам и малограѓанштина, миље во основа длабоко космополитско,миље кое најдобро би го еманирало културниот и менталитетски феномен - ЕВРОАЗИЈА. • Дали вашиот циклус слики “Хитлери” е некаква реакција на страшно нараснатите тоталитаристички струења во бившата СФРЈ, на од формалин извадениот романтичен концепт за “национална држава”?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Г.С.: Стринг, Ха! (во тој момент низ сцената протрчува едно огромно дебело девојче, налик на Бодидармина кукла, која во рацете држи врвца со еден црн Џокер-балон што лебдее...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ники Хаслам ме однесе кај неа на вечера во станот на Парк Авенија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кон крајот на 70-тите, и почетокот на 80-тите, во Русија се провлекуваат информации кои се однесуваат на творештвото на Бојс, низ железната завеса, која во тоа време почнуваше да ја губи својата непропустливост.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа дала оглас во весник - потребен чистач - и се појавил Мик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Текстовите што следуваа по Уводот во потеклото на геометријата и Глас и феномен и понатаму, наспроти тоа, се сосредоточуваат на проблематиката на пишување која во одредена мера ја систематизирав и формализирав во книгата За граматологијата. 4Прашањето што ве преокупираше беше, значи - што е литературата?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На овој начин Белјаев и Преображенски одбраа да ја илустрираат темата “Бојс и актуелната уметничка ситуација во Русија”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што прави писателот во општеството? итн.) треба литературата да се ис­чи­тува инаку и да се воспостави инаква аксиоматика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таму беше и Дејвид Бејли кој со себе го донел пејачот на некоја рокенрол група Ролинг Стоунс, која во тоа време свиреше по северот на Англија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Без разлика дали се работи за фашизам или за комунизам, токму за тоталитаризам станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Премногу учтиви, сите ние во некоја мерка сме следбеници на Пруст или Бергсон; мислиме дека во нас постои нешто, што не може да го пронајде излезот во просторот, некоја „должина“ која во својата природа е повеќе музичка, отколку што е ликовна, која во суштина не може да се замисли.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, набрзо увидел дека опиумот не само што ги смирува болките туку и предизвикува 146 Margina #8-9 [1994] | okno.mk состојба на еуфорија, поради што уште повеќе се врзал за оваа дрога за која во почетокот многу малку знаел.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Една од првите скици за “Големото Стакло” прикажа потполно поинаква сцена, поврзана со насловот: невеста која во свадбената ноќ ја соблекуваат двајца просци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бојата е светлина која во некаков однос е ограничена со темнината, одовде и произлегува феноменалноста на бојата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според тоа, гревот за уништувањето на Градиште, ако постоело, може да падне и на душите на одамнешните претци на денешниве жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но сосема е можно, според археолошките ископувања, Градиште да било некогашната римска населба Керамеја, која на Табула Пунтегеријана е впишана на патот од Стоби за Хераклеја, но која во голема преселба на народите исчезнала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од тој разговор ќе спомнам само уште еден податок за кој и денес сметам дека беше битен за нашите подоцнежни односи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар ја паметите гранката од која во најраното детство имате берено цреши?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја гледам празнината која во мене буди болка и морници ме тресат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не, не беше оној со еднооката Мајра, циркускиот тренер, која во маица со Рој Орбинсон со цуцла дои орангутан по име Трипод.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Случајот сакал Шатев да се зафати со извршувањето на најризичната задача, но задача која во исто време нудела и извесни шанси да се спаси ако сака да остане жив.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Залудно е да го стега перото, залудно е да зјапа во месечината, оти канџите на Нечестивиот му се закачија во срцето и тоа сега крвавеше со сомнеж, со тага и со безнадеж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нема подобро објаснување од она што го имал тогаш, нема нова вистина која во меѓувреме ја сфатил, нема поука, нема насока, нема големо просветлување во душата што може да го сподели со оние на кои цел ден им пишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Токму католичката црква во која во која мистериозно се чуваат некои од највеличествените изрази на маниризмот во целата Западна историја би требала да ја разбере теофаниската моќ на маниризмот!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имаше љубовна врска со трговката Распопова, кај која во саботите јадеше полнети пирошки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Римската Курија, сè уште ограничена со “класицистички” и “барокни” претстави, мора да се ослободи од своите предрасуди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше мудар и имаше склоност кон законодавна дејност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го земавме во комбинација со „гинипралот“ што го добивавме венозно, преку инфузија која во телото ни течеше непрекинато, па заедно со лекарите се обидувавме по новата метода да докажеме дека невозможното ќе стане стварност.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нејзината база беше изрека од енциклопедијата „Мислило“, која во здодевните денови ја разлистував, а ветуваше голема помош доколку човек сака самиот да си помогне.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Девојченцата од своите селски, црвени шамии си направиле големи, шарени пувки, па гледаш со шпенигла си ги закитиле која на градите, која во косичката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Туку гледате, ги исфрлиле од себе неубавите, груби капутишта, ги слекле тешките војнички кондури, која боса, која по калци, бели, домашни, која по свилени чорапи добиени на крос-контрите (како награда), - која по гаќички, која во селско шајачно фустанче, која со долги, мили раце, бели, слаби, о боже, некоја што била малечка се извила, заластарила, високо, до небото, друга се смалила, се свиткала, се подгрбавила, о господе боже!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ова е прилично спекулативна теорија според која во самата природа на конфликтите меѓу цивилизациите е содржана нивната неразрешливост.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој беше интелектуалецот од клучните барикади во поновата европска историја. Неговиот збор мобилизираше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние сме овде на Медитеранот речиси сите врз огромна мина која во секој момент може да експлодира!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се случуваше токму во времето кога Монтескје во XVII век ги проповедаше своите идеи за топовите кои ги уништуваат топовите, за деспотските режими кои не можат да имаат фундаментални закони, за републиканската влада која во срцето го има народот, за облиците на издвоената власт (парламентарната, извршната и судската), ние во Османската Империја да го одржувавме во живот кадијата, исламскиот судија кој донесуваше одлуки во согласност со шеријатското право...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш од купатилото се врати Азра која во меѓувреме со ладна вода се испрска под мишките и меѓу нозете и гласно негодуваше за шиштењето на славината над кадата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ниту директорот Стево Трајчов!
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Следното утро Ема по телефон ѝ кажа на Илона дека сè е договорено. Ѝ рече дека Шефот ја одобри акцијата за која во Прифатниот центар никој не смее да знае.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше една од ретките жени (според она што ми го зборуваше моето искуство) која во волната го гледаше култот на женственоста и се гордееше со тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Андон во разговорот беше повеќе службен, особено кон Азра која во соработката со него имаше строго утврдени обврски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нејзините очи беа стопени со мракот во собата; ги насетував во средината на оној дел што беше многу погуст и надвиснат над мене и ритмички ме обземаше со распуштената коса на Ема која во бранови ми паѓаше на челото, по лицето, на брадата, по вратот, по рамениците.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со таквото сознание на Ема ѝ бликна љубов во градите, очите ѝ заискрија со почит кон госпоѓа Мариела која во тој момент се павкаше со ладалото, канејќи ја својата гостинка во трпезаријата на мала закуска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Тоа не е сѐ, - подвикна Тодор и заканувачки се загледа во Бојана, која во рацете врткаше зелено -маскирна кутија од дамското издание на цигарите Генерал и со едната нога беше тргната да излезе од канцеларијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Видоа лекарите дека се работи за литопедија која во многу случаи се јавува кај жените кои зачнуваат вон материца, и тој скаменет зародиш го испратија во медицинскиот институт на проучување.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја викнаа старичката Венда која во селото беше како бабица.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со него зборува Луиз Вилсон (Louise Wilson), британската уметничка која во моментов живее во Монтреал, а се занимава со инсталации и перформанси.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Радоста се заменува со некоја чудна состојба која во дневникот е запишана како презирање и омраза меѓу нас а сега би рекол можеби повеќе завист.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Куќата целата во темнозеленикава патина, отворена со чардакот спрема реката, со дрвени скали и опкови околу стреата, па светлината од југозападот и гласот на реката создаваа една таинствена атмосфера која во мене се претвораше во едно мило спокојство.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се појави Кулиман војвода не само преку песната Кулиман излезе место да рашета туку и преку вистинската приказна за неговиот живот со херојски мигови и со падови на изнудувач на пари што го доведува пред муцката на пушката која во исто време ги израмнува сметките и со двајцата, и со оној што ја држи и со оној во кого е вперена.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од останатите француски книги за Хичкок ќе спомнеме уште три; најнапред две теориски монографии: JEAN DOUCHET, Hitchcock, Cahiers de l’Herne, Paris 1965, книга која е еден обид за „алегорично” длабинско-психолошко толкување на Хичкок и која во неговите филмови наоѓа теозофска софржина; RAYMOND BELLOUR, L’analyse du film, Albatros, Paris 1979.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хичкок: „За Бројот тринаесет ме убеди жената-пропагандист во компанијата „Фејмоус Плејерс Ласки”, која во мене откри нешто и пред да почнам да се занимавам со пишување на сценарија или со правење сценографија, значи тогаш кога бев обичен млад човек во одделението за изработка на натписи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Токму тука се потпира цврстата верба, која во оваа проза е спонтана и природна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Всушност е една брзозборна и размрдана личност, која во исто време без проблем врши две работи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа неразумна состојба придружувана од лелеења а можеби и од несигурното владеење со празниот простор ја осветли неочекуваната средба со Катерина која во еден момент се најде покрај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега таа е и подвижна (пластични лични карти) и виртуелна (база на податоци).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Новите предложени лични карти ќе бидат „паметни“ (поврзани со база на податоци која е во мрежа и може да се пребарува), ќе имаат биометрика и „најверојатно ќе се користат за широк спектар на активности надвор од полициската контрола и административната функција за која во моментов се користат ваквите документи“.56 Ова отвора значајни прашања во врска со заштитата на приватноста и граѓанските слободи (на пр. слободата на движење).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Потоа писателската куќа во Јурмала и недогледните балтички капалишта. (Осамен пливач со телесна температура од 36° ја подгрева температурата на морето која во потоплите денови се искачува до 16°.) Потоа допир со архитектурата (украс или лузна на лицето на градот).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Елен Лејбовиц, можеби повеќе поради судбината на мојата балканска сага, започна да ја следи со аналитичен интерес европската политика кон Балканот во критичните воени времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа беше критична кон Европа која во својата богата историја, од која произлезе модерната западна цивилизација, не можеше да се ослободи од војната, туку беше и предизвикувач на светските конфликти.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оваа изложба, со која во голем дел беше исполнета мојата дипломатска мисија, покрај другото, ми овозможи и почести контакти со советниците на претседателот Жак Ширак во Елисејската палата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакаше да ѝ зборувам за генезата на албанско-македонскиот конфликт во Македонија како закана за мирот во земјата и во регионот, закана за албанско-македонскиот соживот во кој истрајуваше моето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во однос на бугарскиот стратегиски интерес во Македонија, британските експерти истакнале дека тој бил "двоен…прво, поседувањето на Вардарскиот басен би ѝ овозможило да ја одвои Грција од Југославија и да добие заедничка граница со Албанија; ситуација која во случај Југославија да се дезинтегрира би ја направило Бугарија доминантна на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поттик повеќе во донесената одлука за обединување на Американците од словенско потекло во една организација несомнено имал одржаниот Словенски конгрес во Москва од 9-11 август 1941 година, кога претставниците на сите словенски народи се обврзале со заеднички сили да се борат до конечното уништување на фашистичките освојувачи и за ослободувањето на словенските народи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Основната ориентација што се наметнала пред големиот број иселеници од словенско потекло во САД во деновите на почетокот на Втората светска војна била насочена кон јакнењето на напредните иселенички сили и создавањето на една централна организација, која во целост ќе го претставува словенското иселеништво, а со основна задача за ускладување на работата на месните или покраинските одбори и за иницирање нови активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овде се наметнува прашањето од кои причини југословенско-бугарската федерација толку многу ги вознемирила конзервативните духови на британскиот политички естаблишмент?
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Второ, поседување на умерен дел од Македонија, во кој би било вклучено и пристаниште од Егејското Море, би ја ослободило Бугарија од зависноста од пловните патишта на Црното Море - Дарданелите и Дунав за снабдување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако при крајот на 1944 година не можеле да проникнат во суштината на разговорите меѓу Југославија и Бугарија, сепак, претпоставувале дека меѓу нив се одвивала активност која во себе содржи две непознаници: формирање на југословенско-бугарска федерација и во рамките на тоа отворањето на македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На истиот начин обајцата ја оправдуваат бавната и скриена работа, која во очите на непосветените може да изгледа како отсуство на работа, и која на духот му го донесува она што обично треба да биде потврдено со практична вештина и со замор на рацете.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Веднаш до звучникот (од кој како и обично струеа апсолутно лоши вибрации), во синовско очекување на г.-от „научник”, изложената фацка на другарот тони МАРКС, која во меѓувреме рутински пикираше две дами отспротива, доживеа ретко видена промена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Па така, немаме животна ситуација за која во вид на поговорка не ќе најдеме и соодветна народна поука.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Чувари“ се обично Тета, тетка Ана, баба Санда, или Нерка која во такви прилики не си оди дома по ручекот, туку останува на спиење кај нас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)