кој (имн.) - веднаш (прил.)

Значи не станува збор за некаква културална или политичка принуда? 4Секогаш се сонува во врска со нешто што се укажува на културалното поле.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но бев свесна за разликата во годините и за големата пречка неговата мајка, која веднаш ми стави до знаење да го оставам нејзиниот син.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Целта на оваа вежба е да ја развие техниката која веднаш ќе го привлече читателот кон следниот параграф и ќе предизвика во него желба да тргне понатаму, бидејќи го приврзавме неговото внимание кон овој параграф, токму поради неговата занимливост. Ако не се извежбаме да пишуваме вакви параграфи, кои му претходат на дејствието, не можеме никогаш да постигнеме вистински суспенс.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во одговорот на некоја молба, повик или заповед сигурно се придвижува некоја творечка замисла која веднаш покренува одредена програма, систем на очекувања, за најпосле и самиот да ме изненади со тоа што е неодолива, заповедна, дури неумолива, како некој мошне строг закон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Посебно денес, кога конкуренцијата при објавувањето книги е веројатно најголема, за писателот е многу корисно да ја запознае техниката на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа отворивме друга врата која веднаш ми разјасни каде дотогаш се криеле садовите и тенџерињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неколкупати сосем се препотив, ми се заврте во главата и ми дојде да повратам, но откако главните кризи поминаа, почнав да чувствувам дека всушност ми е добро и дека можам да го исклучам тушот и полека да излезам од тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)