кој (имн.) - особено (прил.)

Пред неколку месеци „Берлинскиот колекционер Ерих Маркс почна да ги собира своите долгорочно позајмени Бојсови дела од регионалните музеи, и со тоа почнаа да се шират гласини дека неговата колекција би можела набргу да замине за Берлинската Нова Национална галерија чиешто ново крило за современа уметност би било посветено на уметноста „после Бојс”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Изложувањето на Бојсовите дела во Европа трае непрекинато - трета голема ретроспектива во две години се отвора во ноември во Циришката Kunsthaus - но во Америка - освен изложбата во Гугенхајм 1979 год. која особено му се допадна на самиот Бојс - тоа баш и не е случај.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
" Крајот од апелот Луис Адамиќ ќе го заклучи со зборовите: "Ако ние, народот на оваа земја, чувствуваме како што треба да чувствуваме, духовна и политичка сродност и поврзаност со иднината, која сега се кова во Европа и која особено е јасна во Југославија, тогаш ние, Вие и јас, треба да направиме сè што можеме за да ја наведеме нашата Влада да ги признае политичките тежнеења на партизанското ослободително движење".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште подобро: ако „секое преместување на елементите со цел да бидат подложни на гледање и проценување, зависи од некои општи закони и од едно посебно штимање, однапред одредено за категоријата на духот на која особено ѝ се обраќа, тогаш уметничкото дело станува машина наменета за побудување и комбинирање на поединечните формации на тие духови”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Преземените мерки на Британската влада да изнајде компромисно решение биле тема на која ѝ ги посветиле своите коментари неколку американски новинари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)