кој (имн.) - сѐ (прил.)

Понекоја бугарско-кинеска јакна, со неиндентификувачко чудовиште или исклештен змеј со премногу канџи и премалку заби, хибридно се вкрстуваше со модерно палто на млада госпоѓица која сѐ уште нема, или има освоено многу одважен маж.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Веѓите му беа споени над долгиот орелски нос, а под нив живо му сјаеа црните очи, две длабоко всадени јагленчиња над неговите издадени јаболчници.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ќелавото теме му беше обрабено со ореол од побелена коса, од која сѐ уште понекаде се наѕираше онаа нејзина темна младешка боја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Хорацио се загледа во гуската, која сѐ уште е на истото место, само што повремено го мрда вратот: Знам дека нѐ гледа, иако се прави на тошо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога на мајка му (која сѐ поосамена, поизгубена исчезнуваше меѓу фотографиите, мебелот) ѝ соопшти дека долниот кат од куќата ќе го преуреди во Гостилница, веќе одамна го имаше изодено својот пат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Најчесто испаѓа дека таблетите се она што рејверите го очекувале, МDМА, иако, додека гледав, неколку не ја променија бојата во киселинскиот тест, што значи дека нема начин да се знае што се и што содржат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некој дојде со нов вид таблета за која сѐ уште нема лабораториски извештај.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Академикот и гонкуровец Морис Друон, истакнувајќи го значењето на овој роман, како и сагата во целост, како посебен придонес во европските литератури, особено во периодот на падот на идеологиите ќе запише: Се работи за еден трагичен запис од враќањето во родната земја Албанија (во 1979 г.), која сѐ уште била под јаремот на сталинистичката ортодоксија...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бегавме и со себе ја понесовме и војната која сѐ уште трае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)