кој (имн.) - тогаш (прил.)

Вети дека ќе ја почитува и дека ќе ја обожава со своето тело и дека ќе ѝ биде верен до крајот на животот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Истите зборови на обврзување, ветување, поучување, насочување кои ги повторуваше и тој, за да потврди дека навистина, и во добро и во зло, и во болест и во здравје, ќе остане со жената која тогаш ја донесе во оваа иста катедрала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лежеше и ги слушаше звуците на солзите со кои есента плачеше по летото, без да се помрдне, за со своите движења да не ја наруши хармонијата на тагата која тогаш ѝ надоаѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сакал да ја столчи таа блага жена, која тогаш ја доживеал како немилосрдна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ме прими во Француската амбасада, која тогаш се наоѓаше во една приватна зграда со двор близу до скопскиот парк, недалеку од моето некогашно Козар маало.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А ситната се носи со гајби во рибарницата, која тогаш и се отвора.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја зедов в раце, и ја приближив до моето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ана, најмалата ќерка на брат ми, која тогаш едвај одеше, стигна до мене и се фрли на моите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Значи, првата работа која тогаш му падна на ум, е една крчма на Оштрељ.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така бискупот во „теоријата“ ја видел онаа „идеална чевла“ која тогаш лесно ја споредувал со производот на кондураџијата и на тој начин заклучувал колку вреди изработената кондура, односно колку ѝ се доближува на идеалната.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)