кој (имн.) - тука (прил.)

Тоа што го видов и доживеав засекогаш ми се врежа во паметењето, но раскажувањето на мајка ми, Фимка, која тука, заедно со илјадници други, доживеа мачно и тешко време што траеше цели шеснаесет месеци, долго го носев во себе одлучен да го спасам од заборавот и да го сочувам во пишан збор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Витгенштајновото влијание врз оваа важна област на истражување е упадливо негативно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Токму кога духот почна да му трепери во онаа блага отсутност, (состојбата која тука, осамен меѓу книгите, често ја доловуваше) некој срамежливо загреба на вратата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Уште една поента која тука накусо треба да се одбележи е дека доколку некој е подготвен да прифати едно интенционалистичко објаснување на разбирањето заедно со гледиштето дека стекнувањето и употребата на она што на тој начин е разбрано, е нужно јавна, со тоа би го прифатил она што понекогаш се нарекува „обременет” поим на содржината, но не оној во кој менталните содржини треба да бидат индивидуирани преку објективно сфатените состојби на светот, т.е. состојби кои постојат независно од она што од нив го прави заедницата преку која се стекнува содржината за која станува збор и од чија страна се ограничува нејзината употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)