коњ (имн.) - или (сврз.)

Штом едната свеќа ќе им догореше, од неа палеа друга, дотуриваа масло во масалчињата да не згаснат, во кандилата, и одеа по патот пеш или качени на коњи или магариња, или со чунови по езерото, штитејќи го од ветерчето светлото да не им згасне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едни си помислија дека некоја нужда го спотерала да дојава до Потковицата, да си го поткова коњот или да купи нешто од дуќаните, други дека е некој бестрашен ајдутин или Турчин зулумџија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од средината, пак, на јули, во неделните денови и во празниците, на коњ или пеша, главите на домаќинствата почнуваа да го обиколуваат полето; триејќи класје меѓу дланките, и, потем, долго џвакајќи ги солупените зрна и топејќи ги со плуканица утврдуваа дали е стасано за жетва.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
______ 14) ќостек - синџир за часовник; 15) пондила - штала за коњи или волови; ГЛАВА ШЕСТА ДОЛУ СУЛТАНОТ!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога ќе го дојаваше коњот или магарето, ќе го најдеа жива вода сторено.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)