крај (имн.) - памет (имн.)

Се разбира, ни на крај памет не ми идеше самиот да си вообразувам такви нешта, мислам на глупоста што веќе ја истресов, дека сум бил божем веќе пораснат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Немаме потреба од дебата. Ниту на крај памет не ни е да кажеме дека живееме во несовршено општество.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа мисла ми ја вгнезди во умот мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)