крај (имн.) - во (предл.)

И угледни службеници на новата власт со многубројна челад, а кои со мали плати, тешко врзуваа крај со крај во деновите на сиромаштијата, покажуваа разбирање за козарите и нивните кози, го купува нивното евтино млеко, иако беа будно следени од властите и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со цел Витгенштајн да се предизвика во овој случај, доволно е да се постави прашањето: бидејќи се бара на објаснувањето да му дојде крајот, зошто да му се стави крај во мистеријата на тоа како почетникот успева да постапува на начин кој фактички се согласува со практиките на заедницата, попрво одошто тоа да се стори со помош на достапниот и добро познат комплекс од психолошки концепти кои пружаат толку моќна мрежа на дескрипција и предвидување?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сѐ меркаш од еден на друг крај во градот и попатно среќаваш сè и сешто, а на секој чекор секој нуди да купиш нешто не само тие од дуќаните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лозарот од Неготино, испечен од тиквешкото сонце, избрчкан од мислата како да врзи крај со крај во месецот и веќе подгрбавен од наведнувањето кон секое грозде, овој лозар од Неготино, значи, никогаш нема да разбере што значат Клиничките патеки што ги воведе власта во лекувањето на обичните луѓе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но место одговор Бојко чкрапна со малихерката и војникот падна смртно погоден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедот Коле ја зазеде јужната позиција, војводите се приближија до гробиштата од север, а Толе влезе со своите осум четници од западниот крај в село, не разделувајќи се со Мише Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според најновите истражувања, карпестата уметност на тлото на Македонија е откриена на просторот меѓу Куманово-Кратово и Свети Николе во Република Македонија и во некои краеви во пиринскиот дел на Македонија, во Република Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Илинденското востание не ги опфатило подеднакво сите краеви во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Најмасовно и со најголема жестина било во битолскиот револуционерен округ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Татко, кутриот, откако од Судот, за кусо време, мина во Институтот за национална историја, па на крајот во Архивот, со сиџилите, како Сизиф, со нова задача и мисија, одеше прв и се враќаше последен од работа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Слична била ситуацијата и во другите краеви во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Токму тоа. И во неа е смислата и оправданоста на сите стравови, сомневања, страдања. Среќа и крај во тишината на скротената совест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но и Арафат не можеше да биде исклучен од шемата на кривата на владеењето, колку и да беше нејзиното извишување подолготрајно и понеизвесно во светот, насочено кон својот крај во слободна Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И на крајот заврши со мала пензија недоволна да се урамнотежи семејниот буџет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќерпичот се редел со раце или со специјални кошници, сѐ додека Шпанците во доцната бронзена доба од VIII век пред новата ера не започнале да ги печат циглите и тоа ќе означи нов цивилизациски скок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот ќе го преземат Арапите и тој ќе стане at-tube, за на крајот во шпанскиот да заврши како adobe.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И на крајот во Архивот дојде до познанството и доживотното пријателство со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во еден период во едно осумгодишно училиште во Скопје беше наставник по француски јазик, потоа работеше во Државниот архив и на крајот во Институтот за фолклор, каде што стаса и до директор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Колешке, Александар го завлече е на крајот во ееее, по малку срамјеќи се од својата лоша имитација на нејзиниот и тон, којшто секогаш му звучеше без врска.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како доказ, тој ми отпеа една хроматска тема за фуга што му ја предложил на стариот Бах, кој веднаш потоа од неа направил фуга во четири гласа, потоа во пет и на крајот во осум гласа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И дали го гледаш крајот во нејзината судбина на разлики!?“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Патуваш во неврат и ќе бидеш една капка бол во мрак, крај во бескрајот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И Татко веруваше дека, и него и семејството, следењето на јагулите ќе го доведе на крајот во ветената земја, во Атлантидата на спокојниот живот...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја придвижи косачката. Тревата, што прскаше наоколу, меко паѓаше околу него; тој се внесуваше уживајќи и се чувствуваше како да е самиот тој сето човештво, капејќи се на крајот во свежите води на водоскокот на младоста.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И додека загрижените членови на семејството гледаа, тој го дофати памучниот опаш на едниот од малите змејови, го врза околу појасот, го дофати клопчето од конец, ставајќи го едниот крај во уста, им го даде другиот на децата и се вивна горе, горе во воздухот, далеку во мартовскиот ветер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
2. Од збор до зло-дело Се згрозив, Бела Троице18живата реч ја сведов на зашеметен шум зелен страв и црн смев иронија алегорија карикатура убавото го нагрдив оти видов на секоја педа од домот мој похота по туѓ имот стрвност по стихијност ставање рецки на почеток и крај во историјата (за да може да се викне „мое“ и да се потегне!) оти видов луѓе се насладуваат во јадот на ближниот се ситат ненаситно еда просто ситење својствено човеку створу божјему, ѕверу, укору! оти очите ми претекоа од гледање зборот ми се преврте наопаку - опак камшик очигледен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби надвор некаде залутала... - рече таа загрижено и го стави првиот залак во уста, - Тврдо е. Не чини месото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа топлината и влагата се претворија во некакво пецкање, па пак во течна топлина и на крајот во болка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас и без да знам бев реализирал еден напуштен сон од неговата младост, студирајќи француски јазик и книжевност во Скопје, во Загреб и на крајот во Париз.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)