кригла (имн.) - пиво (имн.)

Додека да поземат здив, Ване во очекување а Геро во ликување, келнерот ја донесе нарачката: пред Ване ја стави чашата пиво без крагна, а пред Геро кригла пиво и чашка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Многу момчиња и девојки прегрнати, со кригли пиво в раце, на една тркалезна маса, сите пијат и зборуваат гласно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Целата расмеана и некако победоносно, оддалечувајќи се од него со по кригла пиво во рацете, му рече: „Ти си бистро момче“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Залегнат в кревет со криглата пиво го вклучив моето радиоактивно теле позната водителка ставила ботокс а јас од летаргија почнав да зевам По навика редовно мењав канали дневна политика, срања тривијални вести од светот дежаву војни курвите од Нато фрлале бомби
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)