крило (имн.) - од (предл.)

За Божиќ 1915 г. Хекел на шаторското крило од полската болница ја наслика „Мадона од Остенде” (изгорена во II светска војна). 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крила од лицето на нечестивите, кои ме напаѓаат - од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Висока авлија ѕидана со камен. Едното крило од дебелата дабова порта искршено со секира.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оној Колнатиот. одминувам Павта ноќта Со крила од ветер И така Поминува.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Внимателно го крена ’рѓосаното железо, изгравирана глава на лав, што висеше на она крило од портата кое не се отвораше при секојдневната употреба и околу кое беше напластен од страните мов, а од долната ивица, напролет никнеа тревки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Марко уште од колата го забележа крупното несмасно тело на чичка Васка, превиткано преку крилото од неговата „мазда“, со главата во моторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И, наеднаш, сиот тој свет од униформи и блескави бајонети се нурна кон зинатите железни крила од тврдината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Белите рачиња на убавицата влегоа во неговите дланки како топли крилја од гулабица.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ги рашири рацете правејќи си крила од парталавиот мантил, се затрча кон работ на зградата и скокна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ко пилиња под крилата од квачката, под пердувите мајкини. 76
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некое војниче ќе викне: напоље! и лиферантите, проматарите излегуваат надвор, а влегуваат некои доктури и некои чесни сестри со капи, ко со крилца од ластовица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Усните ги отвора, а клепките ги составува, ко крилца од ластовичка. 158
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еве се излегува, вели и се качува да ги отвори крилата од пенџерето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)