крило (имн.) - со (предл.)

Зад мене беше Манастирот Свети Наум во Македонија, врз чиј црвен ќерамиден покрив шеташе гордо паун со раширени крилја со сите бои на божилакот, надополнувајќи ја убавината на библискиот пејзаж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во моделарската секција правевме дрвени авиончиња, одвај им ги лепевме крилата со туткал.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Го извади од шарките крилото со здробеното окно и почна да работи над него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас знаев многу добро: писмата, ракоплескањата, букетите, убавите зборови - сето тоа е за уметникот најголема радост, крила со кои тој лета...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)