круг (имн.) - од (предл.)

Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Освен рацете и еден круг од лицето, неговото тело беше сето посивено од стара, впиена нечистотија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На крајот се оформи неправилен круг од ничкосани глави.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Околу него остануваше за сето време само еден негов круг од тоа сиво пространство, и дивината секогаш му го препушташе тоа само нему.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другите пет беа еден круг од секој миг готови да наскокаат, притивнати дивинки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги крена рацете нагоре за да види дали има кругови од пот под мишките, какви што еднаш виде кај една водителка на телевизија. Кај Ема немаше ништо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Надвор беше многу топло.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си ги зедов фанглата и мистријата, да ми се живи, си реков и продолжив да си работам како што си работев и пред тоа, мирно, спокојно... - ја чепна Илко со клечката лулата, ја разгоре, почна да трга и да исфрла кругови од чад што се распарчуваа низ одајата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кругот од деца се тискаше околу Минк, додека таа ѝ се муртеше на својата рачна изработка од лажици и своевидниот квадратест апарат од чекани и цевки. „Овде, па овде“, мрмореше Минк.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)