крукче (имн.) - од (предл.)

Кога со палецот од левата рака си ја раздели густата брада на образот, несвесно чешкајќи ја додека даваше наредба каде да се постави стражата таа ноќ, тој ја виде лузната, сега веќе само долг побелен засек по лицето што подостарело.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Девојката не се ни помрдна од местото кога братучедот застана до неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му упати молежлив поглед на човекот со лузната, но тој беше зафатен правејќи совршени крукчиња од чад со усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека му ја подаваа пушката, командантот гледаше во некое неодредено место, правејќи крукчиња од чадот на цигарата што ја пушеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)