кубур (имн.) - во (предл.)

Но Ристос не се кажа од никаде, а сејмените ги испукаа своите кубури во купот луѓе, жени и деца и се втурна да сечат со јатаганите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Луѓето нерешително се преместувале од нога на нога и не сфаќале што е сега, не ли е рано за починка?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За неколку минути сејмените ги заградија селаните од двете страни на улицата, а неколку души ја препречија портата со навртени кубури во купот селани и со исукани јатагани. – Ќе си одите дома или да им речам на сејмените да пукаат – извикна сега силно буљукбашијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И се смириле до безгласност зашто Арсо и Цветко прераскажале дека виделе на пат осуммина под пушки и со секакви ножови и кубури во појасите, бездруго арамии или платеници на бегот воденичар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден светилник залета во воздухот и падна врз главата на омбашијата, а од неа бликна крв. – Пукај, сечи, коли! – се разрева раскрвавениот омбашија и сам се загна напред со голиот јатаган во забите и кубурите во двете раце. – Еј, Ристосеееее!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)