купиште (имн.) - земја (имн.)

Така редум, без нишан, тој ги брои купиштата земја и само тој знае да каже кој каде лежи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мече дури тогаш се присети дека меѓу ископаните купишта земја крај каналот и на реката, виѓаваше многу корења испреплеткани во чуден сплет.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дотогаш, пред очите ми излегоа луѓето од - Пустенец, изедената сол, моќната компресорска машина, црното мрсно лице и големиот гол стомак на машинистот, мазгата на Атанаса, пожарот, купиштата земја...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)