купиште (имн.) - од (предл.)

Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Продолжи да оди. Пенушките од брест, што беа откорнати од теренот и со булдожер беа турнати во купишта од безредие со корењата црни како јаглен кренати нагоре под чудни агли, му изгледаа стравотни и го потсетија на надуените мртви тела испечени од сонце, што ги имаше видено на северно-африканските бојни полиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)