кусур (имн.) - година (имн.)

- Каков срам бе, глеј функционерине имаат по 50 и кусур години, а жените им се све по 20.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Ја ги разработуем - се изнафали шминкерот кој патем имаше 40 и кусур години, а изгледаше ко румунска скупштина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Можеби ќе звучи арогантно, но мислам дека во текот на триесет и кусур години поминати во стариот крај ислушав сè што вредеше да се чуе - а и американскиве шишиња се за некој цол подебелки и поцврсти од нашите.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Гореименуванаа држава постоеше четириесет и кусур години.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Роден сум пред четириесет и кусур години (по грешка) у Градска болница.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ѓоко и Лиле се среќни сопружници. Живеат во хармоничен брак дваесет и кусур години.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
За домот, за огништето кое го виде по шеесет и кусур години на фотографиите што ги донесов по првата посета на Сакулево.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Возот застана на „Западната страна“, таму каде што мајка ми се симнала пред четириесет и кусур години со опинци и волнени алишта и со уште дваесетина други деца протерани од Бесвина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Преку сликите во спомените... му донесов едно шише метакса од неговиот внук од еден од браќата (дедо Тане кој често доаѓаше во Скопје) кој сакал да го убие на граница кога како партизани верувале дека одат во својата татковина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ниту таа сама како пред четириесет и кусур години.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Четириесет и кусур години сите комплет дувавте во една те иста труба (ко некаков чмар на некој екстремно сингуларен Бог), а сега се подготвувате да ја фурате истата шема, т.е. и ја фурате, курвински, кулоарски, без стил, брутално и перфидно, по потреба, важно да сме на куп и да мислиме исто, така?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)