кутел (имн.) - жито (имн.)

Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некој даваше кутел жито, друг квачка со пилиња, трет пет гроша или десет па и петнаесет.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Толе ги имаше сите адути над Организацијата да се истакне како ослободител.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Митровден секој домаќин ќе му даде по еден кутел жито.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На враќање помина низ едно полско село, купи два кутла жито и го однесе во Крива Воденица да го сомеле.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)