куче (имн.) - му (зам.)

(Излегува Евто. Влегува Остоиќ.) ОСТОИЌ: Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден Киро, добил „благодејание”, бил српски учител, била српско-турска војна, Турците го затвориле, сега е турски џандар. Каде се парите за поправка на покривот?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало ...
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тефик, пак, за да не му се види на валијата оти премногу кучето му го дави задржувајќи го на синџирот, поттрчувал по него.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не стана свесен за тоа дека кучето му се виде необично мило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кучето му се плеткаше галовно - де пред него, де зад него - зарадувано дека домаќинот и домаќинката се вратиле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Речиси сè што му се случуваше со кучето му потврдуваше не само дека не згрешил што станал човек со куче, туку беше на работ да се запраша себеси зошто тоа не го направил многу порано.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му го знаеја и маалото, и куќата, и портата, и одамна упокоената жена, и петте деца, едно на друго до рамењата, и кучето му го знаеја и бунарот во дворот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Арно ама, штом кучето му го видело синџирот в раце, спрснало да бега и оттогаш никој повеќе не го виде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)