куќа (имн.) - дете (имн.)

Помајка ми не даваше низ куќа децата да ѝ се врткаат, особено не во кујната.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во познатиот тунел на улицата најде пред нејзината куќа дете на сламено столче и со дрвена сабја на коленици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
— Ида ефенди, ида. Не берете гајле вие за мене, кај ќе крша глава со една куќа деца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Манол постојано ми зборуваше за деца, вели, за полна куќа деца.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во нивната куќа децата биле многу сакани, така што и девојчето ги сакало и своите другарчиња и поголеми и помали и сите деца од целиот свет.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)