куќа (имн.) - мој (прид.)

Света е куќата моја: со барут и железо полна е; не ќе ја срами Неда родината своја.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
— Каде вака, бре браќа, без препита и изим влегувате во туѓи куќи? — почна Толе половина на шега, половина навистина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добровечер, господа војводи! Добре дошле во куќата моја!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кажав да се копа близу до куќата моја, малку погоре, на едно слободно место, а и широчко и не далеку од другите куќи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури сета земја чула: „Кула, биди куќа моја!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И потоа шиниш блада: „Гостите се сите благо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ИЛИЈА: (ѝ дава клуч). Еве ти го клучот од куќата моја, земи го, кај тебе нека стои. Куќата моја — твоја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кај што стана радоста во куќава моја, мислам дека деца мои ми сте. Како од срцево да ми сте откинати.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Та, сакам да кажам, дека при овој момент куќава твоа сврши поголема работа отколку подоцна што ќе свршува куќата моја и од Антица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
БАБА АНЧА: (се крсти). Да е скраја од куќава моја!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Еве кај сме, комшии, ти знаеш од како умре мајка ми куќата моја само заклучена стои и само кога ќе дојдам од село се отвора колку коњот да го врзам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Аирлија да биде, поп Јанче во куќава моја! (оди и го дочекува бакнувајќи му рака) Како така ти во куќава моја без себап?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)