куќа (имн.) - негов (прид.)

За да му запалам свеќа да позборувам со новата куќа негова. Да го потажам. 63
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја повика за да ја праша "дали е виден негде низ куќата неговиот костум од венчавката".
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А и тоа се слуша во Потковицата, дека Ордан бил посветен во Организацијата, дека во куќата негова, ноќе, се состанувале војводите, дека дури и со град доаѓале војводи и се состанувале таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа Стрелеско горе, со таа една куќа негова меѓу двата рида, а другите празни и скапани, е како некој олук.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И така значи, да не ги убиеше Димко Силистарко мајка си и Видана Јанчески, никогаш не ќе се дознаеше дека било нешто меѓу нив. А може и ништо не било.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)