лага (имн.) - ветен (прид.)

Размислувам За многуте загубени лета За многуте загубени зими За почвата прадедовска света За неуспешните стихови и рими За параваните на заблудите За несреќните и понижените За премудрите и лудите За неписмените и просветените За обичните и чудните За многуте лаги ветени За молчеливите и ќудните За цветовите во коси вплетени За деновите што ближат судни За зборови неисполнети а ветени За чесните и блудните За спомените изветвени За надевањата залудни За наследниците недоветни За очекувањата скудни За соништа во ноќите летни
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)