лажица (имн.) - шеќер (имн.)

На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да не ставам пет лажици шеќер во чајот од нане и да не ме препознаваат како „петарда“ што пие шербет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По обичај се додаваат 3–4 лажици шеќер и млеко со 25% масленост; само особите со нето тежина над 120 кила шеќерот го мењаат со натрен.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)