леб (имн.) - му (зам.)

Вечерва Бојан ги имаше сите услови да си приготви такво јадење: лебот му беше сув, масло имаше колку што сака, имаше и сирење, а и огнот убаво беше разгорен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го долижа медот, неначнатото парче леб му го фрли на кучето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рано било, тој не бил гладен, а лебот му тежел, му пречел, па го извадил од торбата и го замавнал во една грмушка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)