леб (имн.) - во (предл.)

Сакам и понатаму да не бидеме душмани, ако не можеме да бидеме пријатели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коџабашијата отиде да викне друг селанец, а Трајко навистина си ги преобу опинците, си го престегна и ременот, та си кладе едно парче леб во пазувата, си ја најде мартинката, и потпирајќи се на неа, како на ластагарка, тргна од дома, но место кај мулазимот, тој го фати долот, нагоре од селото, и преку дрезгите се измушна на крајот на селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сум јал еден залаг леб во твојот куќа, си пил и ти кај мене пекој кафе, си запалил некој цигара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе предадам вечер нему и до утре или ќе кажиш или ќе одиш на оној свет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И јас сум јал леб во твојот куќа и не сакам да правам тебе кедер, ама рече ефенди Арглан, сам ќе носиш кабаетот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, кои да сте — вечерва сте мои гости и јас не давам да излезете надвор дури не јадите еден залаг леб во моата куќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луѓето не секогаш го разбираа, но секогаш чувствуваа дека со него им е посигурно парчето леб в рацете...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму, како змиска кожа, беше падната сета правна наука на светот, од римското право до постмодерната демократија; и ослободениот студент по право на прва година не знаеше што да прави не само со своите права туку и со своите прсти, освен да ги меси мрвките леб во сè побезоблични облици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот се врати, со пушка преку рамо, со јаженце и корка леб в рака.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старец го крши надве лебот Во лебот мирис на млеко на доилка Легната среде јачменот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Старец го крши надве лебот Во лебот црвен коњ како црвена луња Кога светка на месечината.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Старец го крши надве лебот Во лебот жени со српови во рацете И огнот на летото што светка на нивните разголени гради.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мишко отиде до креденецот, срона малку леб во раката, пак се доближи до прозорецот и тивко го отвори.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А ти ниту ајдутин стана па човек да ти носи торба со леб во орманот, ниту на Имотот те има за да си ја гледаш работата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зар не виде како се џарам околу себе додека ја враќав теглата во празнината на ѕидот и додека ја спуштав лажицата во каленицата од која минатата ноќ сркав надробен леб во толчен лук со оцет и вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со овие постапки (мислам на толчениот лук со оцет и вода од сношти, како и на шеќердисаното слатко од утринава) дали посакував да се уверам дека животот продолжува со својот вообичаен тек?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Обеси се“, му рече Арсо Арнаутче. „Сега остави го Никола Влашки да каже што му е на детево.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И можеше слободно да си ги пасе говедата со кромид и леб во торбичето и со тага во срцето, како секој сирак без татко, со мајка што не знае каде ѝ е главата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја проголтува како сув леб во жедни усни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Понекогаш при јадење заспиваше со лебот во уста или со лајцата в рака како да ќе продолжи да јаде во сонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја оттурна својата порција настрана, го зеде парчето леб во едната деликатна рака, сирењето во другата и се наднесе над масата за да може да зборува без да вика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кревајќи го лебот во ноќвите си помисли - И тие сами двете...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Започна потоа и икајца да ги фаќа: зафатија силно да икаат, испуштаа гласови како петли и си го предаваа икањето еден на друг; за да го смират икањето, ставаа касај леб в уста или се напиваа вода пред да икнат или го држеа со рака јаболцето под гушата за да не им се поткрене.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во чапчиња пиеја чај претходно квасејќи сув леб во него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Си пика парче леб во устата а принесува сирење и во мигот ѝ се накреваат цревата, ама сето тоа така одеднаш станува што Пелагија стигнува само главата да ја сврти и од неа да џвргне само кислоина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А тие со автоматите го собираа лебот во вреќи и го товарија на коњите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Едвај чекав да си одиме: цревата ми кркореа, мајка ми ме чекаше, а требаше и другите деца да ги предупредам за лулашките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
До тротоарот чучеше Ане со едно парче леб во раката и липаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Конечно Мони го набута лебот во уста, отиде до фрижидерот и се напи млеко право од устата на шишето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Барем така, преку рид, преку трап, со пешник леб во едната и парче сирење во другата рака, да се пцуеме, да се караме, а не да пукаме и да се убиваме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
КАКО СЕ РАЃА ЛЕБОТ Во полето, ќе рече секој од вас, на нивата, во житниот клас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас трчав да го барам брат ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бев среќна кога го најдов, тој беше интендант, собирал леб во селото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дончо не ја ни погледнува, дури не го насетува ни прстот насочен на кај него, спокојно срка од гравот, пика големи залаци леб во устата и низ мласкањето стркалува по некој збор Каква гулема вода, сиво платно шо го м’кне некој невидлив чичко!плитката вода му дошла до колената, ама се сетил на предупредувањето од Митра и се повратил, што се однесува до змии и такви нешта вели Ми стапот во моите раце?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)