леб (имн.) - наш (прид.)

- Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес... - прекина само за миг небаре наслушуваше дали нејзините зборови стигнаа таму каде што ги упати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лебот наш насушен како судбина. Мизерија форевер, кубурот за зорт заман.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И уште многу ќе те замолам, Боже, лебот наш нека ни го донесат веднаш и што побрзо врати не дома... - липтеж ѝ го пресече гласот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби баш такви, прецизни треба да бидат и нашите молитви, за да бидат услишани: „И дај ни го лебот наш насушен, ама немој со адитиви“.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)