лек (имн.) - ноќ (имн.)

Откако вечераа, луѓето почнаа да си се прибираат во колибите и со едно кусо „лека ноќ“ легнуваа да спијат. Изморени, тие брзо заспиваа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со малите рачиња ја гушка Неа и ѝ вели: „Лека ноќ, мамо.“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Младичот повторно го чу (низ мек шепот, како да го храбри за „лека ноќ“) своето галено име.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Оттаму, кога ќе се вратам во Колсил, мојата англиска „резиденција“, ги препознавам луѓето и куќите како да се комшиски, а вечеринките, во пријатно друштво, се како необврзана подготовка за „лека ноќ“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Убав сон и лека ноќ, брате мој.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- Ако можам пак ќе дојдам. А сега лека ноќ. - Со здравје, Бојанчо. Ако можеш, ела.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
НЕДОСТИЖНА ОСАМЕНА СОБА Нашите вечерни милувања, пред лека ноќ, нè пречат деца.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се обидував да заспијам, и долго се превртував во постелата, мислејќи на она што го слушнав од Отла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помолче малку, па изусти: „Лека ноќ,“ и се сврте на другата страна од креветот. Лека ноќ
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)