лето (имн.) - во (предл.)

Тоа беше најдолгото лето во мојот живот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повеќе не се расправавме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Барем што се однесува до дрогата. (...) Беше тоа типична сцена во Фектори: сите штотуку завршувавме со своите обврски и се спремавме да одиме во кино - Фред ја читаше листата филмови кои се прикажуваа...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рака на срце, во тоа време ионака во Сан Франциско можеше да се најде што и да се посака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите во Сан Франциско беа загрижени заради купот амфетамини што можеа да се најдат тоа лето во градот - посебно беа загрижени децата на цвеќето, бидејќи спидот луѓето ги okno.mk | Margina #15-16 [1995] 127 правеше агресивни, а тоа беше токму она против кое беа тие.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Постојат реални изгледи ова лето во Варна да не се чека ред за ручек и вечера.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во текот на годините тој гордо присуствуваше барем на десетина вакви отворања додека угледот на Џоен полека но сигурно растеше до својето сегашно угодно ниво меѓу колекционерите во областа; ова секако ќе му биде последно, како што и многу други неодам­нешни настани нужно беа, што тој го сфаќаше или едновремено со нив или ретроспективно: неговото последно лето во нивната викендичка на островот Фенвик, последниот метеорски дожд, последниот сет тенис кога неговата сла­бост ескалираше, последната величествена октомвриска промена на бојата на лисјата во „нивната” долина, а сега, по сѐ изгледа, и неговата последна посета на овој убав град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Летото во крвта како амајлија на градите на номадот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Така тој, Максим Акиноски, послужувајќи се со итрост, го спаси и Имотот и целата Потковица од Сима Симиќа, српски пропагандист во летото во 1846-та година.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И понатаму одам на лето во селото.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мажите поминуваа само еден дел од летото во селото, а тоа беше периодот кога користеа годишни одмори.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но тоа последното мое лето во селото, велам последното зошто подоцна со години не одев таму, се случи нешто многу лошо. Го изгубивме Тома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Беа невидени жестини тоа лето во градот којшто беше полупразен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Беше тоа наше седмо лето во бракот, не размислувајќи премногу, го одбравме Л. поради островската повлеченост и поволниот агенциски аранжман.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Минуваа месеци по смртта на мајка, а никој не доаѓаше во домот во кој бев останала сама.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Паѓаше тивок септемвриски дожд, и јас ги прибрав дома двата стола на кои тоа лето во попладнињата седевме мајка и јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа лето 1930 година, последното лето во нејзиниот живот, мајка остана со мене во Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се отргнува на сонот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зборовите, стихот, нашите судбини, нѐ доближуваа до камиевската медитеранска потрага по апсолутното во судир со апсурдот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа крајот на медитеранското лето во Струга, но еден нов почеток на едно пријателство кое подоцна ќе се влее со својата дискретна и ненаметлива присутност и во моите дипломатски години, во заедничката потрага по убавината и толерантноста на човекот кога страда, кога трага во неговата поширока смисла и хармонија во потрага по заедничкиот излез ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се оттргнуваа на сонот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А тука, крај Егејското Mope веќе горештините престанаа, комарците се поизретчија, а ноќите станаа пријатни, што на Сталчето не му се одеше од лето во зима, од топло во студ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јонче го знаат ко весело момче се дружеше често со другарот Јовче во лето во дворче се редеа вовче и секоја вечер беше авионче.
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
9. Догорува летото во созвучја на горчлив алт.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Беше тоа многу одамна, преку триесетина години, едно лето во Дубровник, или можеби во Херцег Нови, каде што тогаш најчесто летувавме.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Не беше сѐ лето во тие стари денови“, рече таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Веќе реков, Рајна Коцева не одеше тоа лето во колибата на Голем Тодор заради преселбите на водите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во текот на летото во централна Егејска Македонија е исфрлен и првиот одред на ЕЛАС.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа лето во Света Софија Охридска утринум влезе некоја млада црнкиња.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тоа беше најмачно лето во моето детство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Не туку се лигави – ѝ се вдаде тетка Ане – требаше тоа сношти да го мислиш кога ѝ дозволи на Бреза да ја носи Дена на ноќна прошетка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Целото срце ми се распарчи додека читав по цели две страни од писмото како Ива го опишува нејзиното лето во Америка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ОЧЕКУВАНА ПРОМЕНА - Ех, девојчиња, мали мили девојчиња, колку нè исплашивте ноќеска – умилно нè прекоруваше тетка ми Оце утредента додека, седнати крај масата во ливадата пред нашата куќа, појадувавме пржени лепчиња и чај од „мајчина душичка” што мајка ми го бере секое лето во околината. – Сешто можеше да ви се случи, свесни ли сте или не?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А за Дизниленд! Половина место одвоила само за тој еден единствен ден, што го минала таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ИДЕИТЕ НА АДА - Лето во Скопје, тоа ти е како зима во Гоби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)