летување (имн.) - во (предл.)

А и да се пофали некој меѓу вас дека бил на летување во тоа и тоа село, тоа „не пали“, не предизвикува таков восхит кај слушателот како ако се рече дека некој бил на Родос, Крф, Палма де Мајорка!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сите глупаци заминуваат на летување во своите мали автомобили.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се случуваше некое од овие деца да замине на летување во некое летувалиште на Црвениот крст, а зад тоа стоеше секогаш Мајка, дискретно криејќи ја својата добрина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А на пример, летување во, да речеме, виртуелниот Мауи?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Посебно задоволство на авторот му беше последното летување во нејзината наследена, сега обновена викендичка во Лаврион.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најмногу ме чудеше тоа што и мајка ми се смееше весело, раскажувајќи за некое дамнешно летување во Макарска со тетка Славица.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)