ливада (имн.) - и (сврз.)

Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тука ќе го најдеш Гоце Делчев војвода!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако не ги видев Ардените, Белгија сигурно ќе ја напуштев со мислата дека тоа е рамничарска земја, која е ишарана само со ливади и во која гледав како на нив пасат сортни крави.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Метрите ни се чинеа долги како километри и кога излеговме на чистина, кога пред нас пак почнаа да се редат оснежените ливади и планини, тогаш се успокоивме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Го дупна коњот долу ливадите и го фати Чаништа за черек саат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петко нека и земе маковци, бончани, рапешани, црничани — нека го држе „Смечот“ ондеа; на Андона — ќе му и дајме неговите дунчани, вепрчанци, пештанци, кокрчани и каленци — нека се вртка по Ливада и Дренска планина, а јас со Трајка, Ќосото и други прекуреканци ќе прејда одонаде река во старо Мариово, ако можеме да и поносиме главите ошче по некој ден и друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Млада, свежа, убава пролет со кукурек и синолички, со бујни потоци, шарени ливади и нови солзи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Замисли си старец што се тркала по ливадата и бере јаготки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така, околу пладне, по најголемата жештина, кога по ливадите и полјанките го славеа долгиот летен ден илјадници невидливи штурци, скакулци, бубалки и кога прегреаниот воздух трепереше од нивната врева, по косата патека што се протегаше преку ливадите кон угорницата, бавно се движеше мала колона, предводена од дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По две недели ќе биде Свето Благовештение; дотогаш во ливаѓето и оградите ќе стаса зелјето па за да зготват жените за празникот Риба на зелје под вршник, тие, мажите, ќе мораат да отидат на Црна и во Блатото за да изнафатат риби.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во неговите подножја, на горниот крај на ливадите, се најдуваат Драмчески Извори, кои се излеваат направо во ливадите и на тој начин, излевајќи се во нив, ги прават постојано зелени и питоми, па жителите на Потковицата сиот тој предел, ливадите и нивјето, го викаат Питоец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зелени ливади и дрвена штаерска куќа со црвен покрив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се појави однекаде и џипот на Фискултурецот; прост и груб како што беше дал Господ, дојде право кај групата на ливадата и му префрли нешто на Земанека: дека гласот му бил како кај евнух; така рече, дека пее како скопен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И додека моите пријатели - уметници фаќаа пусија околу манастирот, по ливадите и карпите, на песокта крај езерото, јас останав во манастирскиот двор за да ја сретнам повторно манастирската обителка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сонуваше: цветна земја, цветни ливаѓе и дрочни градини, градови со дрворедни, со полни театри, поети со оди и псалми на певици, со умни библиотекари и сјајни библиотеки.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одиме по ливадите и штипкаме киселица. Ко ’ртки сме станале. Се гледаме, а не се познаваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тој скокна во ливадата и вика: ״не сакам ливадата да ми биде во туѓ синор, во туѓа држава.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште кога ја грлевме пченката во Латкова ливада и кога се притемна небото, како ненадеен облак да се вдаде однекаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои ластари или полжави ќе им наберам ќе ги превртам меѓите, ливадите и нешто ќе им наберам и ќе им сварам. Вака немаш - каде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седиме во ливадата и гледаме во јагликата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ене, непријателот копа окопи, ја сече немилосрдно шумата, ги копа ливадите и лозјата, ги урива ѕидиштата, племните, та дури и куќите; ги копа огништата и визбите и прави бункери за да се задржи што подолго; за да го мачи што повеќе и Митрета и Петрета кои гледаа што се прави, а не можеа да помогнат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега пак, ене го каде ги брка јагнињата во дедо Маловото асло, ждребето по ливадите и децата на чаирот. Од дрвата направи цела променка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Непријателот здраво се зацврстил и немаше изглед дека бргу ќе го напушти овој Митрев свештен крај, неговите ниви, ливади и куќата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што е мунасип, ќе платам, зашто јас пак имам волови и стока, ама со луѓе сум слаб; ми требаат два-тројца орачи, толку говедари, а може и некоја жена со поголеми деца да ги бркаат кравите по ливадите и гуските по реката – се јави и Мамут-бег од Оризари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Патчето било низ едни ливаѓе и во ливаѓето имало киселица, та Силјан си набрал и се изнајал од неа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во тоа поле треба да има луѓе, чунки гледам како да има ливаѓе и нивје“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сторив така птиците да пеат, шумите да шумолат, луѓето да чекорат по ливадите и да уживаат во песните на птиците и жуборот на водоскоците. Тоа сум сторил јас.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Грди дебели полицајки трчаат голи по ливадите и ловат пеперуги со мрежести хулахопки (теренот е безбеден: специјалната единица за борба против шаренило веќе ја искоси тревата и ги искорна цвеќињата)
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А по нивјето, ливадите и лозјата, во бавчата и градината, во дворот и во одаите - певливо, заносно, ѕвонливо, солзливо, таговито - се пренесуваше пеењето на Фимка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во мракот живна ливадата и шумата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја исполнува ливадата и шумата и по други беспаќа дотекуваат нови бранови жени и мажи натоварени само со тоа што во последен миг успеаја да дигнат од дома и тераат пред себе стока.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа цело лето сме се дружеле со нивните песни по ливадите и шумичките, за да ги испратиме наесен со тага и грижа, дали ќе презимат, дали пак ќе ни се вратат!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од другата страна на Вардар се само бавчи и зеленило, ливади и пошумени места кои се искачуваат да го освојат голиот рид на југ. Боженце, какви чудесии!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)