линија (имн.) - бев (гл.)

Камилски со уверлив глас, како да се наоѓаше на својата некогашна катедра, продолжи: Башибозукот, како архаична варијанта на мерценеријата на Балканот, со сите нејзини мрачни обележја, во крајна линија беше дел од османската воена машинерија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во сите средби кои ги имав со Јасер Арафат, по разговорите кои се однесуваа на меѓудржавните односи (најчесто на југословенската политичка поддршка на Палестина во светот на неврзаните, во меѓународните организации, во прв ред во ООН, каде што Југославија, сѐ уште играше значајна улога, каде што имаше вешти дипломати како и помошта која ја добиваа Палестинците), настојував да си ја дополнам претставата за оваа комплексна личност, кој во крајна линија беше еден вид Ахасфер, во вечна потрага по својата татковина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но и тој сепак во крајна линија беше против создавањето на меѓународниот вештачки јазик...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Подоцна Махмуд Дарвиш во Охрид ќе ми открие најмногу кој беше Јасер Арафат, но сепак мистеријата продолжуваше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јусуфовиот дедо по мајкина линија беше Хусеин Дино-паша, кој заедно со својот брат, султанов министер за надворешни работи, ќе работат за автономија на Албанија, поради што вториов ќе биде интерниран до крајот на својот живот во Анадолија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)