линија (имн.) - кој (имн.)

Ја набљудував нежната линија која се превиткуваше и стануваше дел од просторот кој се губеше во бесконечноста.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не би го виделе волшебниот свет на говедцата глувците Толосите мачките рибите Крблите, но можеби би слушнале одредено чкрипење на нашата рскава линија која бавно, како цвет-месождер, и ветвејќи се, нѐ вовлекува во закривеност што сосема наликува на една софистицирана црна дупка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во неговата земјанка беше поставена специјална телефонска линија која директно го поврзуваше со Тамбулидис, командантот на 105 бригада која го бранеше Клефтис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И продолжуваат да постојат дури и во нашиот глобализиран свет каде што новонастанатиот единствен глобален економски систем и постојаниот технолошки напредок соборуваат многу граници, истовремено поставувајќи нови граници и хиерархиска стратификација. 75 Umberto Eko, Kultura, informacija, komunikacija (Beograd: No- lit, 1973), 208-209. 60 Границите го означуваат крајот на еден свет, но и почетокот на друг.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Го сакаше херојот во приказните - поврзан со невидливи врски со силите што го моделираат светот, како да е влечен од магнет, тој самоуверено ја следи прецизната линија која за него ја одредила судбината.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Некој секогаш нема храброст да ја помине тенката линија.. но една насмевка, едни очи, се тенката линија која ја поминувам без приговор од самата себе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Како такви, тие се прагови, места кои треба да бидат преминати, пречки кои треба да бидат надминати: линијата која разделува е исто така и нешто што поврзува, место на контакт и заедничка активност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во таков случај тие морале да се консултираат со Форин Офис за да се следи политичката линија која била од интерес за државата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)