линија (имн.) - помеѓу (предл.)

Телефонските линии помеѓу Bronx и Queens се во прекин, информациите се блокирани, овие од Bronx гледаат само TV-Bronx, оние од Queens само TV-Queens.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Границата го означи спасоносното катарзирање на линијата помеѓу животот и смртта.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во Типаза на самата линија помеѓу брегот и морето имаше огромни отворени камени саркофази, во кои влегуваше и излегуваше самата минливост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сѐ изгледа познато, а секогаш е различно во линијата помеѓу убедувањето и уверувањето во философските дилеми.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Но јас морам да ви раскажам уште едно минување на оваа граница помеѓу она во пролетта на 1979 година и сегашното во почетокот на 2001 г. преку фрагментот од моите записи од границата: Има една долга гранична линија помеѓу Албанија и Македонија, граница со долга и незавршена историја, граница која го обележа животот на моето бегалско смејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И додека таа линија помеѓу Евреи и не-Евреи се повлекува теоретски и токму со несмалена жестокост, дури и таму кадешто државно-политичкото држење на овие првиве не дава причина за приговор, онаа другата линија, поважна во траењето и далеку попресудна, линијата помеѓу доброто и лошото, се занемарува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Граничните линии помеѓу јазиците исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ова значително влијание кое државата го стекнува над приватната сфера придонесува за бришење на линијата помеѓу државата и граѓанското општество, помеѓу јавната и приватната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ова е проследено со зголемување на улогата на државата во јавните функции како што се 86 образованието, медијацијата во социјалните конфликти и обезбедувањето на социјална сигурност, како и преку преземање на сопственост и контрола над медиумите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)