лира (имн.) - година (имн.)

И арно му е: три лири годината ни на најдобар момок нашите џорбаџии не му плаќаат, а тој само за неделините си зема три лирички. Нека му се алав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нашите момци, орачите, сами на глава што можат плуг да си спрегнат, да си го потправат за малка оправка, да си водат сметка за ѕевгарот, ги плаќаме по седумосум до девет лири годината. Ги раниме што дал господ, и ги обуваме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)