лисица (имн.) - се (зам.)

„Ноќе и лисиците се кикотат“, рече еден Сандре Самарија. „Ќе се обесам ако не е така.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лисицата се прави пиле да не ги уплаши кокошките. (Вади жив гулаб од под пелерината.) Што ќе кажеш ти на таа работа Панта.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Лисицата се пикна во ќошот од пештерата и навистина заспа со длабок сон.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Слушајќи тие зборои, лисицата се приближала до јазоецо да му чуе и тој ум и јазоецо посакал ѓоа да ѝ шепне на уо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јордан Шоп не се согласи: „Тогаш качи се на ридон и види кој се кикоти, кому му се јаде варена пченица над туѓ гроб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нанишанив - бум! Лисицата се тршна на снегот. Ја нарамив и право ваму.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)