лист (имн.) - ги (зам.)

Дрвото ги истресе лисјата ги избрка птиците Разголено под небесниот туш чека. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
8. На граничниот премин Кристалопиги – како што погоре е речено -по старо селото се вика Смрдеш, името го носи по кристално чистата вода што извира од планинскиот извор покрај црквата Свети Ѓорги, една од најубавите во костурскиот крај, полицаецот лист по лист ги прелистува пасошите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прости ми што овие бели лисја ги откинав од крајот на тетратките на твоите писмени работи од осмолетката, кои со толку многу радост ги испишуваше и кои најчесто двете заедно, легнати на креветот, ги читавме.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој добро го познава мојот ракопис, па на средината од празниот лист ги напишав следниве зборови: ’Un dessein si funeste, S’il n’est digne d'Atrée10, est digne de Thyeste.’11 Нив ќе ги најдете во ’Атреј’ од Кребијон12.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)