лифт (имн.) - или (сврз.)

Повторно од високите ѕидови од холот на хотел нè пречекаа наивно нацртаните фасади на црквите што ти го напаѓа погледот каде и да се наоѓаш – крај барот, на рецепцијата, пред некоја од силите за конференции, пред стаклениот лифт или во него додека се качуваш до некој од внатрешните катови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)