лице (имн.) - добие (гл.)

Лицето доби мигум загрижен израз, погледот рефлексно го упати во собата во која спиеја децата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега можеше да ги види како сите тие четири лица добиваат на себе по една блиска, простосрдечна и некако и премногу обична насмевка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во еден миг, додека двајцата бавно чекорат по паркот, синот здогледува како градинарот отсекува неколку ружи, и целиот затреперува, неговото дотогаш тапо лице добива чувствителност, како она што го виде да повлече некоја нишка во него, некоја нишка која води кон сѐ она што за него некогаш било, а веќе го нема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Станува збор за релативно техничка промена, имено, за да го исполнат условот „активно барање работа“, покрај веќе пропишаното редовно пријавување во Заводот за вработување во утврдениот рок и доставувањето доказ дека се пријавувале на огласи кај работодавци или во Заводот, невработените лица добија дополнителна обврска да се пријавуваат на објавените огласи за потреба од работници кај работодавец, во средствата за јавно информирање и во Заводот за вработување (чл. 2, ЗИДЗВОСН/март.00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој не може да ја следи нишката назад кон она што некогаш бил, ниту пак она што некогаш бил може да дојде до она што тој сега е; тоа затреперување на нишката само растреперува некои негови чувства, како нејасно сеќавање, и тој почнува да плаче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)