лице (имн.) - наведе (гл.)

Во записникот вештото лице наведе дека куќата е 12,50 на 9,30 м., градена од слаб материјал: приземјето од камен, со малтер од кал, а катот од плит; меѓутаванската конструкција, таванската и покривот се дрвени - со костенови и јасикови стебла; на секој метар во висина, ѕидовите на куќата се опшиени со дрвени појаси, покривот е четвороводен со турски керамиди; олуци нема; на горниот кат одаите и претсобјето се послани со под од штици на ”перо” и жлеб; долниот кат на куќата е послан со набиена глина помешана со слама; претсобјето ”конкот”, во долниот кат е циментиран; куќата внатре е малтерисана; вратите, прозорците и скалите се дрвени; куќата има пукнатини (хоризонтални и вертикални); на северниот ѕид однадвор можат да се уоачат пукнатини и тоа на ширина од 1,30, па 2,70 и 3,90 метри, мерено од североисточното ќоше; на источниот ѕид има пукнатина на 3,30 м., мерено од источното ќоше, и на западниот ѕид на широчина од 1,50, потоа 2,40 и 4,00 м., мерено од северозападното ќоше; должина на пукнатините се од 0,30 до 4,00 м., а широчината на пукнатините од 20 до 30 мм.; внатре исто така се забележуваат вертикални и хоризонтални пукнатини во сите простории.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)