лице (имн.) - сфати (гл.)

По изразот на неговото лице сфати дека нема да зборува...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не го видов топломерот кога го изваде, но, по изразот на лицето сфатив дека Вера уште повеќе се исплаши. Ели не престануваше да повраќа. Се измени во лицето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој ден, уште штом ја видов другарка ми Марина при влегувањето во класот, по изразот на нејзиното лице сфатив дека се случило пак нешто, ново, нерадосно во нејзиниот живот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)