лице (имн.) - место (имн.)

И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Алајко и Мире не му одговорија, само со погледот му дадоа на знаење дека не се дојдени по добрина, туку со сериозна задача, која треба да се реши и изврши веднаш, неодложно и на лице место.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му доцнам на големото, нервозно е, а јас мотам низ главата, како изгледа невработена со мобилен, па глумам глува и го муабетам пријателов, оти ми спомнува казна за на лице место, па како тој е всушност разбран, па како, не дај Боже, колегата од колата да излезе, двојно ќе ме кошта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Прво, тоа никогаш го немаше правено, а од некој имаше слушнато дека човек може да се исповрати од консумирање на марихуана. И тоа на лице место.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Излегоа на лице место. Со повиканите дојде и мајстор Јосиф, жолт како лимон, но и со алови дамки од лутина по шијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поголемите уживатели си носат термоси од дома, што им ги пунат на лице место.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
ЈАКОВ: Наместо да ја воспевате, сега ја стварате слободата на лице место. Поету знај го својот долг.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Го слушам и правам белешки што се вели на лице место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А видов со свои очи, на лице место - иконописите се темни таму кајшто денот е светол и долг таму кајшто изгревот е ран и болскотен токму како оној над Босфор!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)