лице (имн.) - множина (имн.)

Попрво, неговата песна поставува субјективитет кој е – неексплицитно, но препознатливо, непогрешливо – геј. ‌Тој субјективитет не е индивидуален, туку колективен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Првото лице множина, како прво, упатува на виртуелната заедница на обожавателите на Лана Тарнер, кои и да биле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зборовите “moustiques domistiques demi-stock”, за прв пат се појавуваат во недоглед испишани од задната страна на жетонот од една мала коцкарница во Монте Карло; шемата ја дизајнираа Дишан и Мен Реј, на 1 ноември 1924 година. DES MOUSTIQUES DOMESTIQUES (DEMI-STOCK) е алитерација повторно заснована на формулата 3х3, или три пати по три слогови. LA CURE D’AYOTE i LA COTE D’AYUR се две групи од по три слога, чии звуци се поклопуваат. INCESTE OU PASSION DE FAMILLE, A COUPS TROP TIRES. INCESTE OU PASSION DE FAMILLE наједноставно може да се преведе како: инцест или семејна страст. Passions е прво лице множина, несвршено време од глаголот passer, преминување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само што рекоа: „Победивме“, го губат правото да се изразуваат инаку освен во прво лице множина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, тоа исто така итро ја протнува можноста за инаков и поконкретен колективитет, за публика од филмољубиви кралици и воопшто од геј-мажи, заедница создадена од заедничкиот восхит кон оваа женска икона.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„О Лана, те сакаме“, пишува О’Хара.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ти и твоите рокери многу повеќе го истакнувате првото лице множина! - И тоа ти пречи?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сам, со неколку телефонски повици оддалеку пишувам во прво лице еднина против трето лице множина.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)