лице (имн.) - еден (прид.)

Можело да се очекува дека неговите маки еднаш ќе се споменат со гускино перце во некоја библија над чии страници ќе липаат поколенијата; но сѐ ќе било попусто и веќе никој не ќе можел да му ги смекне раните на душата што со копнеж се стремела кон височини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се стори уште постар, пожален. Господи, мислев, неговото лице еден ден мајстори ќе го цртаат в црква.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Се тресе, тажно рекол со руменило срам на лицето еден од каменоделците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)