лице (имн.) - секогаш (прил.)

Несреќата е во тоа што увидувањето на третото лице секогаш е само впечаток што никако не е доволен да го охрабри да ја опомене жртвата на црниот човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со своите долги, темни раце што брзо се движеа тој садеше, натапкуваше и прицврстуваше, сечеше, подрежуваше, со црното лице секогаш свртено кон земјата, со очите секогаш вперени во она што го работеше, кои никогаш не ги подигаше кон небото, и никогаш не гледаше во мене, па дури ни во Мама, освен ако не клекневме крај него, чувствувајќи како влажната земја ни продира низ панталоните кај колената и ги стававме рацете во црната нечистотија, не гледајќи во сјајното, лудо небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Обично, тој не зборуваше, молчаливо, тромо и тмурно си ја вртеше својата работа и во изразот на неговото лице секогаш лебдеше некаква мрзоволна стутканост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)